В петок на работа со велосипед!

И оваа година Скопје се придружува на интернационалниот Winter Bike to Work Day. Денот на 9. февруари, а организатор на настанот е граѓанската иницијатива „На Точак“.

Имате доволно време да ги извадите велосипедите од гаража, да ја избришете прашината, да ги напумпате гумите и да ги ставите во погон многу порано отколку обично. Пробивањето на комфорната зона е процес кој што најмногу се мотивира преку личен пример. Бидете пример за другите дека нема лошо време, туку само лоша опрема.

Што треба да направите? Регистрирајте се на сајтот https://winterbiketoworkday.org/ и обврзете се дека тој ден ќе движите НаТочак до вашата секојдневна дестинација, синхронизирано заедно со мноогу луѓе низ цел свет. А кога ќе дојде D-Day постирајте ваши слики со интернационалниот хаштаг #WinterBikeToWorkDay или #WinterBikeToSchoolDay и/или локалниот: #WBTWDSkopje (за работа) или #WBTSDSkopje (за образование) и пофалете се за Вашиот транспортен избор тој ден.

Организаторите ги повикуваат кафулињата, баровите, рестораните и сите останати деловни субјекти да се вклучат во славењето на овој ден преку овозможување на најразлични поволности, попусти и награди за оние кои ќе дојдат НаТочак до нивните локали и ќе купат нивен производ/услуга. Користете го просторот на овој настан за промоција на Вашите Вело поволности или испраќајте ни на мејл или во порака на ФБ страната на НаТочак и ние ќе ги објавуваме Вашите промоции.