В недела во Скопје авто-трки на кружна патека

 По успешната организација на Кружниот авто натпревар Скопје 2018 во октомври, АКК Примо авј ви најавува уште една трка на познатата патека лоцирана на булеварот „Гоце Делчев“ во појасот „Судска Палата“ – „Скопски Саем“ и паркингот пред хотел „ВИП“.

„Скопје круг ноември 2018“ е закажана за 18 ноември, официјалното отворање е од 11 часот, трката од 12 часот. Ова е последна трка во сезоната за календарот на кружни патеки. Учество имаат потврдено повеќе од 30 домашни возачи, како и гости од странство.

Чест ни е да ве информираме дека за прв пат во Македонија АКК Примо авј во соработка со брендот Renault и Automotive group како официјален импортер за брендот Renault, во склоп на трката, ќе го организираат првиот Twingo Cup  и ќе се претстават со свој штанд на кој ќе биде промоцијата на тркачките автомобили. Гостин на неделниот настан ќе биде првиот шампион на Twingo Cup, Боштван Авбељ, информираат од АКК Примо авј.

Покрај натпреварувачкиот дел во кој трките ќе бидат поделени по класи, ќе има и ревијален дел во кој Класата Бамбини сочинета од млади дечиња ќе возат картинг на патеката.  Дополнително, настанот има и хуманитарен карактер, организаторот АКК Примо авј заедно со спонзорите ќе доделат донации на децата од СОС Детско село.