Узрупиран дел од Маркова Река кај Горно Лисиче (ФОТО)

Актерката и активистка од „Не биди ѓубре“ Ирена Ристиќ алармираше за ситуацијата кај Маркова Река во Горно Лисиче. 

"На патот од Пинтија покрај Охис за Горно Лисиче постои сепарација која го има узурпирано коритото на Маркова река, се фрла шут и отпад, и коритото е значително намалено. По последните дождови реката се излеа од коритото и ги поплави посевите на околните ниви, и исто така постои голема опасност од поткопување на железничката пруга и предизвикување на катастрофа. Состојбата е токму ваква, доколку има надлежни..." - ова е пораката од граѓанин која стигнала до неа. 

Таа ги повика надлежните од Државен Инспекторат за животна средина да излезат на терен и да реагираат.