Уживателите на марихуана на удар - вчера фатени 10 лица на 5 локации

Во текот на вчерашниот ден вкупно десет лица биле фатени со марихуана од страна на полицијата.

Вчера попладне полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба ги лишиле од слобода Т.С. (40) и И.С. (38), двајцата од Скопје, затоа што при преглед кај нив биле пронајдени марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Околу 18 часот полициски службеници од СВР Скопје, на патот кон Водно, ги привеле М.К. (23) и Н.П. (23), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ноќеска околу 01 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на бул.„Борис Трајковски“ ги лишиле од слобода Л.Д. (20) и В.Ѓ. (20), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Синоќа околу 21 часот, на регионалниот пат што ги поврзува гостиварските села Врапчиште и Дебреше, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Г.М. (31) од с. Здуње и Р.М. (44) и И.С. (23), двајцата од Тетово, затоа што при нивен и преглед на возилото била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера попладне околу 15 часот полициски службеници од СВР Скопје, на Средно Водно, го привеле З.Н. (45) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.