Популарното дуо ДНК, односно Панчо и Андреј и Џамбо Агушев ја објавија новата песна со наслов „Ако утре ме нема“ која за кратко врече собра огромен број на прегледи на Јутјуб.
Песната, односно музиката и текстот и овојпат се со потписот на Панчо и Лазар Цветкоски, додека зад аранжманот стои Џамбо Агушев, кој со својот оркестар всушност и е дел од целата оваа приказна.
Видео-спотот за песната е работен со Кристијан Теодоров, режија и камера, и Владимир Митревски-Ѓуле, монтажа и боја.
„Во реализацијата на спотот учествуваа многу наши пријатели, колеги, идоли од детството, кои без збор се согласија да се појават во оваа весела видеоприказна, која за нас е едно од поубавите искуства во кариерата. Насловот на песната „Ако утре ме нема“ е симболичен, бидејќи животот стана многу неизвесен и не знаеме утре што ќе биде. Се надевам дека доста ќе се слуша и ќе донесе добро расположение“, вели Панчо и признава дека првпат во животот токму на снимањето на спотот за оваа тема пробал прасечко месо.
Уживајте, запејте и славете го живтот, порача Панчо.
ДНК го најавија и својот јубилеен концерт насловен „20 години ДНК“, закажан на 3 декември во арената „Борис Трајковски“.