Уживајте во своите погрешни избори: Ниту еден маж не е погрешен!

Постојат луѓе која секоја неуспешна врска, врска која завршила со раскинување или развод, ја сметаат за грешка и губење на драгоцено време. Постојат и оние другите кои знаат дека не би биле она што се денес да не биле тие „неуспешни врски“ и „погрешни партнери“.

А што толку брзаат овие првиве? Да родат деца? Да создадат семејство? Да ја најдат другата половина со која ќе умрат? Зошто тогаш мислиме дека губиме време? Што значи губење време? На што се однесува?

Некој зад себе ќе остави уметнички дела, градби, изуми, некој целиот живот ќе го посвети ја зајакнување на добрината и хуманоста во светот, некој ќе создава историја, а други ќе ја запишуваат за идните поколенија. Ништо што правиме на овој свет, па дури и врските во кои влегуваме, не е залудно и не е губење време. Сите тие искуства не образуваат, создаваат и не прават она што сме.

И сме го сакале тоа...

Никој од нас не ги прави своите грешки на сила. Сите ги бираме. И тоа најчесто ги бираме со сето срце. Па зошто тогаш би се срамеле од нешто за кое некогаш сме биле подготвени да го дадеме и животот? Зошто нашите искрени чувства би ги сметале за грешка? Ние навистина сме ја чувствувале таа љубов. Било убаво додека траело, во неа сме се дале себеси се додека „не сме отвориле очи“, а потоа завршило тоа. Тоа се поглавја во нашите животи, наши соништа и наши лекции.

Човекот е чудно суштество. Во се бара ум и срце. Ги пребарува пустините, океаните, универзумот во потрага по слични битија. Секој потајно е во потрага по „сродна душа“, но тоа го правиме и глобално, сите како една душа. Ние сме битија кои сакаат да споделуваат среќа и не поднесуваат самотија. Поради тоа е човечко да се бара, да се сака љубов и неуморно да се обидуваме...

Ние сме многу повеќе од нашите биолошки функции и повеќе од чисто продолжување на видот. Многу сме поголеми од сопствените тела и материја, но сепак сме така бескрајно ситни и осамени во ништожноста на универзумот.

Затоа знајте го ова: Ако некому сте го дале своето срце, ако сте љубеле искрено и сонувале за заедничка иднина со луѓето со кои можете да делите се – вие не сте погрешиле и не сте губеле време. Сте живееле со полни гради, следејќи го срцето и затоа никогаш не треба да си префрлувате поради тоа. Можеби крајот бил лош, но не во тој момент тоа бил правиот момент. Уживајте во своите „грешки“, затоа што искрено сте ги сакале тогаш кога сте ги правеле и тие сега се нераскинлив дел од вашето битие.

Славете и почитувајте ги своите избори, затоа што се направени искрени и чисто, затоа што така се славиш себеси. На крајот на краиштата, слободата е можност самиот да ги направиш своите грешки и никој да не те спасува. Па зарем би пателе затоа што сте слободни? Радувајте се...