Уживајте во сонцето до четврток, метеоролозите најавуваат голема промена

Суво и релативно топло ќе биде времето до четврток. Температурите ќе бидат во пораст и над просекот за овој период од годината.

Денес преку ден температурата ќе го достигне 15-тиот степен.

Во Скопје максималната температура денес ќе достигне до 10 степени.

Веќе од четврток се очекува зголемување на облачноста и опаѓање на температурата на воздухот.

Од следниот викенд, УХРМ најавува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег.

Најстудено утрово е во Берово, -8 степени, а во Крушево се измерени максимални два степена.

Според УХМР, минус шест е во Скопје Петровец, минус пет во Струмица, Битола, Маврово, Тетово, Гевгелија и Демир Капија, минус четири во Охрид, Крива Паланка, Скопје и Штип, минус три во Прилеп и Дебар, минус два во Охрид, Претор и Лазарополе, минус еден во Виница и Дојран, нула во Ѓуриште и Пожаране, а еден степен е во Тополчани.

Висината на снежната покривка до осум часот е четири сантиметри во Пожаране и три во Маврово.

Преку ноќта беше ведро, тивко и студено. Изутринава е сончево, тивко и студено. По котливите е магливо, само на повисоките места и на планините има слаб ветер со од променлив правец.