Уживајте во денешното сонце, од утре нови врнежи

Утринското сонце најави дека времето денеска ќе биде без врнежи од снег и дожд. Метеоролозите велат дека денот ќе биде претежно сончев со мала до умерена облачност, поголема на северот и на истокот од земјава.

Наутро ќе има услови за појава на магла. Во северните делови ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од -9 до -1, а максималната од 1 до 9 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а температура ќе биде во интервал од -6 до 2 степени.

Во следните денови ни претстои облачно време со услови за магла по котлините. Во понеделник ќе се зголеми облачноста, а до крајот на денот ќе започнат нови врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд, а на планините од снег.