Ужасен секс-тренд се шири меѓу младите

Модерните времиња и апликациите за состаноци придонесоа ужасен тренд да се шири меѓу младите луѓе. Имено, тие веќе не практикуваат секс за една ноќ бидејќи и тоа им е премногу.

Меѓу нив актуелен е сексот за половина ноќ, односно трендот на напуштање на партнерот со кој не оди. Новите генерации немаат време за губење со луѓе кои не им одговараат во реалност, иако преку „четувањето“ им се чинело поинаку.

Често сексот за половина ноќ се должи и на тоа што еден од партнерите или пак двајцата, се премногу пијани за да може да продолжи со акција, па едниот решава да замине.

Во глобала, може да се каже дека сексот за половина ноќ е секс за една ноќ кој не успеал. Со ова, едниот од потенцијалните партнери го поштедува другиот од натамошен срам и не им дава шанса да се обидат да го поправат впечатокот.

Паролата на сексот за половина ноќ е „пробај, па ако не оди бегај“, го практикуваат младите сексуално активни личности, но веќе го прифаќаат и повозрасните.