Ужас во Неготино: Чичко ми ја запали куќата додека мајка ми беше внатре

Голем пожар пред неколку дена во семејна куќа ги вознемири жителите во Неготино, а во него изгоре куќата на 60-годишната Виолета Донева.

Ќерката на Виолета, Благица Делкова во разговор со „Фокус“ открива како се случила несреќата. Таа обвини дека пожарот бил подметнат од нејзиниот чичко, кој и во минатото неколку пати се обидел да го запали нивниот дом.

-Чичко ми, човек познат на надлежните институции како алкохоличар и пироман, ја запали куќата на мајка ми додека таа беше внатре. Во едниот дел од куќата живее неговиот син, а во другиот живееше мајка ми. Чичко ми помина подолг период во Јавната здравствена институција Негорци поради тоа што и во минатото се обидуваше да ја запали куќата, вели Благица.

За среќа, во пожарот нема повредени затоа што жената навреме избегала од пожарот, додека неговиот син бил на работа.