Наредба за спроведување на истражна постапка донесе основното јавно обвинителство Гевгелија против лице од Богданци кое се сомничи дека извршило дело - Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Осомничениот маж повеќе пати се соблекувал и го вршел делото пред деца кои наполниле 14 години на јавно место - во двор на основно училиште и на други локации.
Поради причина дека осомничениот може да избега или да влијае врз сведоци и да го повтори делото од страна на јавен обвинител до судијата на претходна постапка е доставен предлог за определување мерка притвор.