Ужас: Притвор за скопјанец, силувал жена во автомобил, ја удирал со боксови и клоци по главата и телото

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 37-годишен скопјанец поради напад и силување на жена притоа нанесувајќи и повреди по главата и телото.

„Осомничениот, на 21 февруари, насилно извршил обљуба врз жена во автомобилот сопственост на неговиот татко, принудувајќи ја на сексуален однос против нејзина волја и согласност. Жртвата за цело време се спротивставувала на неговите допири, но тој ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, како и со нога по лицето, по што таа започнала силно да крвари. На крај, насилно ја принудил и на сексуален однос, иако жртвата неуспешно се обидувала да се оттргне и да избега“, се вели во соопштението на обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор поради околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото.