Увид во градежните активности за изградба на фекална канализација во населбата Градинар

Течат градежните активности за изградба на фекална канализација во населбата Градинар, преку која отпадните вoди треба да се впуштат во изведените колектори за фекални води по булевар Србија и покрај Усјанскиот канал.

Градоначалникот Филип Темелковски и Претседателот на Совет Дарио Шимиќ, денес извршија увид во работата на градежната фирма ангажирана од општина Кисела Вода која од февруари работи на изведба на фекална мрежа во три крака во должина од 1380 метри.

По завршувањето на трите приклучоци на постојната фекална канализација, се планира приклучување на секундарната канализација. Се работи согласно предвидената динамика и наесен, жителите на оваа урбана заедница ќе добијат подобри и подостоинствени услови за живот.

Работата на Општина Кисела Вода продолжува со несмален интензитет и во сите други месни и урбани заедници на оваа територија. Во таа насока, сакаме уште еднаш да апелираме до граѓаните за трпение и зголемено внимание додека траат градежните работи, ископот и поставувањето на цевки и шахти. Сепак, се работи за проект кој ќе донесе бенефит и за овие и за следните генерации кои живеат во овој дел на Скопје.