Уверение за жителство за моментална адреса на живеење од денес ќе може да се извади и електронски

Министерството за внатрешни работи интензивно продолжува со процесите на дигитализација и со тоа приближување на своите услуги до граѓаните. Од денес на националниот портал uslugi.gov.mk достапна електронски е една од најбараните услуги на граѓаните на шалтерите на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење, информираа денеска од МВР.

Како што стои во фејсбук објавата на Министерството, граѓаните можат да ја пронајдат услугата директно на следниот линк:https://uslugi.gov.mk/service-details.nspx?serviceId=5737

„Министерството за внатрешни работи во текот на неколку месеци дигитализираше дел од своите услуги за граѓаните кои граѓаните веќе секојдневно ги користат за нивните потреби и тоа: Апликација за дозвола за оружје, Потврда за моментална сопственост за возила за физички лица, Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за физички лица, Потврда за моментална сопственост на моторни возила за правни лица, Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за правни лица, велат од МВР.

Додаваат дека Министерството ги активира сите свои капацитети со цел да овозможи дигитализација на сè поголем број услуги за граѓаните во иднина.