Утрово земјотреси во Албанија и во Италија

Утрово силен земјотрес со јачина од 4.8 степени според рихтер ја погоди централна Италија. Земјотресот се случил на 29км од Фиренца во 3 часот и 37 минути.

Утрово пред околу час и половина силен земјотрес ја погоди и Албанија. Земјотресот е во Централна Албанија и со јачина од 3.9 степени според Рихтер. Детално епицентарот на земјотресот бил во близина на предходните но сепак на северо-исток од Драч во 5 часот и 29 минути.

Италија и Албанија се на иста полоча со нас, која сеуште никако да се смири од силните земјотреси кои ја погодија Албанија минатиот месец.