Утрово во три македонски града не се дише - слична ситуација речиси во целата земја

Ситуацијата со загадениот воздух никако да се промени.

Алармантните бројки секојдневно ги гушат граѓаните на нашата земја, додека власта буквално не презема ништо и причината во тоа ја гледа во самите граѓани кои ги загревале домовите откако ќе се вратат во своите домови по 17 часот.

Утрово најлоша е ситуацијата во Тетово каде загаденоста на воздухот е 86 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, потоа следува Кавадарци и Велес.

Слична ситуација имаме и во Гостивар каде што мерните станици мерат малку помалку загаден воздух од првите три града, потоа следува  Битола и Кочани.

Вчера по тој повод ВМРО-ДПМНЕ организираше и протести во неколку градови низ земјава, а пораката беше јасна, власта да преземе одговорност и да си даде оставка.

Освен коронавирусот оваа зима се поочигледно е дека граѓаните ќе ги мачи и загадениот воздух кој речиси се појави веднаш што започна падот на температурите во ноќните и утринските часови.