Утрово во Мичурин изби пожар во стан

Утрово во скопската населба Мичурин изби пожар во стан, кој се наоѓа на првиот спрат на една од зградите.

Огнот беше брзо угаснат од страна на противпожарната бригада. Во инцидентот нема повредени, но причинета е голема материјална штета.

Се работи за пожар кој најверојатно настанал поради премногу насобрани работи, бидејќи сопственикот во него собирал отпад.