Утрово вистинска снежна идила на Попова Шапка и Водно (фото)

Утрово падна првиот снег на Попова Шапка и  Водно.Метеоролозите најавуваат дека во Македонија времето денеска ќе биде облачно и студено, со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со над 20 л/м2, претежно во западните и во северните делови.

На планините над 1.500 метри надморска височина ќе има и врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер кој на моменти ќе дува си брзина до 70 км/ч.

Утринската температура ќе се движи од шест до 15, а дневната температура од осум до 16 Целзиусови степени.

Фото: Курир

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд, повремено интензитетот на врнежите ќе се засилува. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од девет до 10 степени.

Попова Шапка

Фото: Локално