Утрово уште една сообраќајка кај зградата на ЕУ во Скопје

Претпладнево нова сообраќајна незгода се случи кај зградата на Европската Унија (ЕУ) во центарот на Скопје, пренесува порталот „360 степени“

Во сообраќајката учествувал автомобил со скопски регистрации кој се забил во заштитните столпчиња поставени помеѓу коловозот и велосипедската патека покрај објектот во кој е сместена Делегацијата на ЕУ во земјава. 

Во текот на викендот на истото место имаше уште една сообраќајка во која скопјанка со автомобил буквално влета во зградата и го скрши стаклото откако претходно со автомобилот преминала преку заштитните столпчиња.

Фото: 360 степени