Утрово уште два земјотреса во Грција, почувствувани во Битола

Уште два нови земјотреса беа почуствувани утринава во Битола, по серијата земјотреси со епицентар кај Лерин, во соседна Грција.

И во текот на ноќта продолжија потресите и во Битола од серијата земјотреси со епицентар кај Лерин, во соседна Грција. Најсилниот во текот на ноќта беше со јачина од 3,2 степени, а беше регистриран во 2:32 часот, пишува Тера.

Утрово нов потрес. Се случи во 7:28 часот, од истото епицентрално подрачје кај Лерин и со јачина од 3,6 степени според Рихтер.

Инаку по многу силниот земјотрес од синоќа, кој беше регистриран во 22:44 часот со јачина од 5,6 степени според рихтеровата скала, голем дел од граѓаните на Битола ги напуштија своите домови, дел останаа во автомобилите, дел го напуштија градот, а други пак се вратија во своите домови по неколку часа по силниот земјотрес.

Како што соопштивме синоќа, во дел од зградите во Битола има оштетивања во скалишните делови, односно ходниците и во некои станови.