Утрово сообраќајка во близина на Мајчин Дом

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, ги известува сите учесници во сообраќајот дека на крстосницата помеѓу булевар Јане Сандански и улица Васко Карангелевски во близина на Мајчин Дом, се случи сообраќајна незгода.

Сообраќајот на овој потег се одвива нормално, непречено и без застој, но ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја прилагодат својата брзина на движење на условите на патот особено ако се приближуваат кон овој потег.

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, ги известува сите учесници во сообраќајот дека на сите сообраќајници и булевари, сообраќајот се одвива непречено и без застој, а поголем број возила се забележуваат , долж булеварот Александар Македонски во насока на движење од влез на Скопје кон клучката Континентал, долж булеварот Киро Глигоров во насока на движење од Аеродром кон населба Автокоманда и поголем прилив секако е регистриран од булевар Србија, долж булеварот Кузман Јосифовски Питу во насока на движење од Аеродром кон Центар, долж булеварот и мостот Гоце Делчев во двете насоки на движење, но повеќе од крстосницата со булевар Крсте Мисирков кон крстосницата со булеварите ВМРО и Илинден, долж улицата 11 октомври во двете насоки на движење со тоа што поголем прилив се забележува од булевар Борис Трајковски во Кисела Вода кон Центар,а помал застој е забележан и на потегот од улицата Димитрије Чупоски кон крстосницата со булевар Кочо Рацин, како и долж улицата Свети Кирил и Методиј во насока на движење кон булеварите Мајка Тереза и Митрополит Теодосиј Гологанов.
Известувањето за состојабата во сообраќајот важи за 8:10 часот на ден 07.09.2018 (петок).