Утрово снежна идила на Попова Шапка (фото)

Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините и во местата над околу 500 метри надморска височина со врнежи од снег.

Претпладнево повеќе врнежи ќе има во западните делови, а попладне ќе се задржат главно на југот од земјава. Ќе биде и ветровито со силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 километри на час. Температурата ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Врнежи од снег со среден интензитет и засилен северен изутринава има на Попова Шапка, во Гостивар и на планинскиот превој Ѓавато, а со послаб интензитет во Маврово, Тетово, Крива Паланка, Страцин и на планинските превои Стража и Плетвар.

Погледнете како е во моментов на Попова Шапка:

Фото: Фејсбук