Утрово се вози по влажни коловози, бидете внимателни!

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

РАБОТИ НА ПАТ:

СТРАБАГ АГ известува дека од 24.08.2021, поради изведување градежни активности на експресен пат А4 Штип – Радовиш, од 17:00 часот сообраќајот на потег Бучим – Радовиш, ќе се изведува по паралелен пат со ограничена брзина од 30 до 60 км/ч. Пренасочувањето се врши поради изведување на асфалтерски работи на истиот потег на главниот пат.

Виадукт Трејд известува дека на ден 24.08.2021 година (вторник) во период од 10:00 до 16:00 часот, во времетрање од 60-90 дена ќе важи времена измена на режимот на сообраќај, поради грaдежни активности – асфалтирање, со комплетно затворање на делницата Маврови Анови – Жировница (од браната).

Синтек Инженеринг ДООЕЛ известува дека согласно одобрението за затварање на сообраќај со број 11-3431/4 од 23.07.2021 година, заради санациони работи, мостот над река Пчиња, (Доброшане) во наредните 100 дена ќе биде затворен за сообраќај. Се поставува сигнализација која ќе го регулира сообраќајот од и кон Куманово.

СТРАБАГ АГ известува дека врз основа на Одобрение за времена на измена на режим на сообраќај на државен пат А1 делница Велес – Неготино, за на изградба на клучка Градско како дел од автопат А1 издадено од Министерство за транспорт и врски на 22.07.2021 со број 11-уп/52/4, на претходно поменатата делница ќе се изведуваат градежни работи и во следните 12 месеци ќе се применува времена измена на режимот на сообраќај.

СТРАБАГ АГ известува дека почнувајќи од 21.07.2021 година, целосно ќе биде затворен сообраќајот на делницата помеѓу клучките Штип – Запад до клучка Штип – Југ. Сообраќајот ќе биде пренасочен на веќе постоечкиот Регионален пат кој минува низ Штип преку Ново Село до клучка Штип – Jуг.

ДГТ Жикол ги известува сите возачи дека заради изведување на градежни работи на патниот правец Миладиновци – Свети Николе – Штип, односно на делниците Кадрифаково и Преод, заради изградба на наплатните станици од 06.05.2021 г. сообраќајот се одвива согласно одобрениот времен режим.

ЕСКАВАТОРИ-МК ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека од 21.04.2021 година, почната е рехабилитација на државен пат А2, делница: Куманово – Страцин дел 1: од KM 0+000.00 до KM 15+195,85.

ДГ Бетон АД – Скопје известува дека се изведуваат градежни работи за рехабилитација со проширување на Државен пат А1, делница Петровец – Катланово (лев и десен коловоз), односно од км. 37+046.94 до км. 41+798.92 во правец од Петровец кон Катланово и од 23+271.08 до 28+460.76 во правец од Катланово кон Петровец. На местото на изведување на градежните работи се одвива времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

На патниот правец А2 Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Од 28.09.2020 г. ГД Гранит започна со изведба на рехабилитација на регионалниот пат Р1303, секција Кичево – Македонски Брод, во вкупна должина од 26 км. Рокот за завршување на објектот е 31.07.2021 година. Ќе се изведуваат делница по делница во должина од 1 км. Сообраќајот при изведување на работите ќе се одвива по една сообраќајна лента, и ќе се регулира со пропуштање на возила координирано со знаменца.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир во период од 11.05.2020 г. до 02.2022 г. со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз како и проширување т.е изработка на трета лента на постоечкиот пат. Во текот на работното време регулирањето се изведува со работници, а по завршувањето на работното време, регулирањето се врши со светлосна сигнализација – семафори (од Крива Паланка кон Граничен премин Деве Баир).