Денеска претежно сончево време, наутро студено со многу ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -10 степени.
Во Скопје, утрото студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Од утре следува период на променливо облачно време со постепен пораст на температурите. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Од понеделник ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од слаб снег.