Утрово поголем сообраќаен метеж има на овие улици и булевари во Скопје

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози, умерен интензитетот на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. 

ЦУКС известува дека во овие утрински часови поголем број возила во Скопје се забележуваат долж:

-бул. Јане Сандански кон Центар,

-бул. 3та Македонска бригада кон ул. Пролет,

-бул. Кузман Јосифовски Питу кон Центар,

-бул.Борис Трајковски во двете насоки,

-бул. 8ми Септември кон ул. Скупи,

-бул.Свети Климент Охридски кон бул. Водњанска,

-ул.Пролет кон к-ца со ул. 11 Октомври,

-бул. Киро Глигоров кон Автокоманда,

-ул. Перо Наков кон к-ца со бул. Киро Глигоров,

-бул.Србија кон к-ца со бул. АСНОМ,

-бул. Александар Македонски кон клучката ,

-ул. 11 Октомври од Кисела Вода кон Центар,

-ул. Свети Кирил и Методиј кон бул.Водњанска.