Утрово околу Сарај повторно имаше пожар

Утрово повторно високи кули од чад се креваа од околината на Сарај. Скопјани беа сведоци на пожар кој беше видлив од далеку а се чувствуваше и мирис на изгорена пластика и трева.

Речиси и да нема ден а да не се регистрира пожар околу главниот град кој додава енормна загаденост и на така веќе загадениот воздух во Скопје.