Утрово нов земјотрес во близина на Маврово

Земјотрес со јачина од 3.6 степени според рихтер е регистриран утрово во 7,44 во близина на Гостивар. Според привичните информации епицентарот на земјотресот бил на 16 километри од Гостивар во близина на Маврово. 

На последниот земјотрес претходеа неколку други. Најпрво послаб земјотрес се почувствува вчера во 21.03 часот. Првиот земјотрес после полноќ беше регистриран во 1.36 часот со магнитуда од 3,2 степени, по што следуваа уште два земјотреса во 2.29 и 2.49 часот со магнитуди од 2,8 и 2,7 степени според Европската макросеизмичка скала. 

Граѓаните од гостиварскиот и мавровскиот регион на социјалните мрежи споделуваат информации дека изминатата ноќ била тешка за спиење затоа што тлото под земјата не мирувало.