Утрово најзагадено во Центар, Карпош и Ректорат

Утрово високи концентрации на ПМ 10 честички во воздухот се регистрирано во скопските мерни места Карпош (128 милиграми на еден кубен метар), Ректорат (123) и Центар (113). Средна загаденост има во Миладиновци, Бутел, Битола, Тетово, Кочани, Каварадци и Куманово.

Во Куманово, Струмица и Битола синоќа беа регистрирани високи концентрации на ПМ 10 честичките во воздухот. Во Куманово присуството беше 5 пати поголемо од минималното дозволено, во Струмица 4 пати, исто како и во Битола. Веднаш зад нив беше Кавадарци со 97 ПМ честички на 100 микрограми.

Тетово беше помалку загадено, односно имаше под 100 ПМ честички, Кичево имаше 68, Гостивар 47, Кочани 28.

Дозволената граница на ПМ10 честичките изнесува 50 микрограми на метар кубен.