Утрово најзагадено кај Ректорат, Миладиновци зад него

Мерните станици во главниот град утрово покажуваат загадување околу дозволената граница од 50 микрограми ПМ 10 честички во метар кубен, па така и денеска загадувањето е највисоко кај Ректорат - 60, а во близина на Скопје најзагадено е Миладиновци со 49.

На државно ниво, претпладнево е критично во Битола и Тетово со загадување над 100 микрограми ПМ 10 честички на м3.