Утрово најстудено во Берово и Скопје - да очекуваме ли снег викендов?

Со минус пет степени, Скопје утрово е најстуден град, заедно со Берово. 

За време на викендот ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен северен ветер. Денеска на пониските места ќе има повремен локален дожд, а на планините снег, најавуваат од Управата за ходрометеоролошки работи.

Поради спуштање на постудена воздушна маса во ноќните часови кон недела и во недела претпладне врнежите наместа ќе преминуваат во снег и ќе бидат со послаб интензитет. Потоа ќе се задржи стабилно време со услови за појава на магла по одделни котлини.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степена.

Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Максималната температура ќе достигне 8 степени.