Утрово изгоре автомобил во Скопје - од пожарот зафатени уште две возила

Утрово во 05:18 часот во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека на улица „Мирослав Крлежа“ имало опожарено патничко возило „Ренџ Ровер“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Охрид. 

Како што информираат од МВР, од пожарот биле зафатени и делумно оштетени уште две патнички возила - „Опел Инсигниа“ и „Тојота Јарис“ и двете со скопски регистарски ознаки. Околу 05:10 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Полицијата презема мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот и расчистување на случајот.