Утрово движењето на автомобилите е отежнато, возачите нервозни - пред Собранието поставени мини-шатори

Сообраќајниот хаос во Скопје никако да престане, велат нервозните возачи, кои утрово едвај поминаа пред Собранието на Република Македонија. 

Откако во саботата попладне пред македонското Собрание движењето „Македонија блокира“ постави мини-шатори по протестот, против утврдување на нацрт амандманите внатре согласно договорот од Преспа, со кој се предвидува промена на Уставното име. 

Од движењето велат дека тие ќе останат таму до Нова Година, а тоа значи дека до тогаш сообраќајот се одвива отежнато. 

Само една насока за движење е ослободена утрово за возилата, додека другата лента е „усурпурана“ од шаторите.

Тоа дополнително го зголемува метежот во центарот на Скопје, кој и онака е интензивен во раните утрински часови.