Утринско кафе во старо Скопје (фото)

Најомилена забава на скопјани била посетата на скопските кафеани. Бројот на јавните локали, кафеани, подруми и бифеа во Скопје во 1924 година изнесувал 300. Оваа бројка укажува на големата заинтересираност на граѓаните за посета на кафеаните.

Постарите генерации паметат кога на скопскиот плоштад се поминувало со ретро автомобили и велосипеди, луѓето уживале на летното сонце на отворени тераси со кафе и добар разговор.