Утринскиот студ преку ден ќе попушти, но ќе има магла

Времето денеска, наутро студено со услови за појава на утринска магла по котлините. Преку денот сончево со мала до умерена облачност зголемена во источните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје студено со услови за појава на слаба магла, преку денот претежно сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Повремено наутро ќе има услови во котлините и особено долж Повардарието за појава на утринска магла и зголемена ниска облачност.