Утрински рутини за поубав ден

Наместо вашето утро да почне со нервоза, кафе или цигара, не мислете веднаш на обврските, започнеете со нешто што ќе ви го разубави денот и ќе ви даде енергија!

Ведра мисла
Веднаш размислете што убаво треба да ви се случи денес. Дали денес можеби на работа имате нешто пријатно што треба да го направите? Доколку не, тогаш не очајувајте, веднаш помислете дека после работното време ќе се сретнете со вашиот пријател или пријателка и размислете на вкусниот оброк од блискиот ресторан. На ваков начин денот ќе ви тргне пријатно.

Вдишете со полн капацитет
Откако ќе станете, собата е полна со воздух кој не циркулирал и престојал цела ноќ како и вие. Затоа, прво нешто што треба да го направите е да го отворите прозорецот. Откако ќе го отворите, излезете и вдишете воздух со полн капацитет. За миг ќе го снема мамурлакот и ќе се почувствувате енергично.

Протегнете се
По спиењето секогаш е здраво да се протегнете и да направите кратки вежби. Немора да претерувате, нека бидат лесни вежби но доволни да го активирате телото и умот.

Испијте свеж сок или вода
Најдобро е наместо утринското кафе или уште полошо цигарата, да се напиете свежо исцеден сок од вашиот соковник. Ќе го активирате мозокот и ќе си обезбедите енергија и витамини за целиот ден. Наместо сок можете да се напиете и млака вода.