Денес е среда, 1 февруари 2017 година, 32-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:41, а ќе зајде во 16:43 часот. Денот ќе трае 10 часа и 12 минути.
Ова утро во североисточните како и во поголем дел од западните и југозападните предели имаме претежно сончево време со локална облачност и со пониски утрински температури, додека пак во северните, централните како и делови од источните и југоисточните предели појава на магла и ниска облачност, па и температурите се повисоки.
МАКЕДОНИЈА – Во утринските часови ќе имаме појава на магла и ниска облачност која што во централните, северните, источните и југоисточните предели ќе се задржи во поголем дел од денот. Додека пак во западните и југозападните предели како и на планинските предели се очекува претежно сончево и потопло време. Ќе дува доумерен слаб југозападен и југоисточен ветер, а во југоисточните слаб северозападен ветер. Утринските температури од -8 до 1 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 0 односно до 8 степени.
Во вечерните часови појава на магла.
СКОПЈЕ – Во Скопје имаме појава на магла и ниска облачност кои што ќе се задржат во поголем дел од денот. Слаб југозападен ветер. Утринската температура од -1 степен, додека пак максималната дневна ќе достигне до 4 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во четврток појава на магла и ниска облачност кои во поголем дел од Македонија ќе се задржат во текот на целиот ден, повеќе сочеви период се очекуваат во западните предели како и на планините. Дневните температури од 2 до 10 степени. Во петок претежно облачно и потопло време, со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината, утринските од -5 до 4 степени, додека пак максималните дневни од 4 до 12 степени. Во сабота и недела умерено облачно време со повремени сончеви периоди, а во попладневните и во вечерните часови со услови за слаби и локални врнежи од дожд. Утринските температури од -2 до 6 степени, додека пак максималните од 5 до 13 степени.
Сообраќајот на граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај во двата правца и за патнички и за моторни возила поради поставена блокага од трактори од страна на грчките земјоделци.
Граничниот премин е блокиран од грчките земјоделци од понеделникот во 16 часот и 30 минути. Нема информација до кога ќе трае штрајкот на земјоделците.
Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот иако сообраќајот на сите булевари, улици и крстосници во Скопје во овие моменти се одвива непречено и без застој.
Во овие претпладневни часови ЦУКС ги известува сите возачи дека повеќе возила во овие моменти се забележуваат долж булеварот Борист Трајковски во насока на движење од населба Драчево кон Кисела Вода, па долж булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во насока на движење од населба Козле кон Центар поточно кон крстосницата со улица Свети Кирил и Методиј и булевар Свети Климент Охридски, па долж булеварот Кузман Јосифовски Питу и булеварот 3-та македонска бригада и тоа во насока од Аеродром кон Центар, како и долж булеварот и мостот Гоце Делчев во двете насоки на движење но особено на потегот од крстосница со булевар ВМРО до крстосница со булевар Крсте Мисирков.
Од ЕВН нема известување за рекстрикција на струја во текот на денешниот ден.
Од ЈП Водовод и канализација Скопје ве известуваат дека на ден 01.02.2017 г. поради уличен дефект ф 100мм на ул.Џон Кенеди 9б н. Т.Поле прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Џон Кенеди непарни броеви 9,11,13,15,17,19,21,23,25,27 од 09:00 часот до завршување.Телефон за имформации: 023073010.