Утрински пијалок од тиква кој ќе го замени вашиот појадок

Тиквата е здрава и корисна за нашето здравје, а овој пијалок е одлична замена за појадокот.

Потребни состојки:

½ шолја млеко (препорачуваме бадемово)

½ шолја пире од тиква

1 лажица путер од бадеми или кикирики

неколку оревчиња

малку цимет

Измешајте ги сите состојки во блендер додека не стане смесата соединета и кремаста. Уживајте во убавиот вкус.