Утрински напиток за слабеење и детоксикација

Лошите навики во исхраната и брзиот начин на живот негативно влијаат на нашиот организам и го забавуваат исфрлањето на токсините. Како последица на тоа, настанува заморот, лошото варење, се таложат килограмите и слабее имунитетот.

Со помош на овој напиток можете да ги исфрлите токсините од својот организам, но и да достигнете витка линија.

Потребно е:

Чаша топла вода

Сок од 1 лимон

1 лажица јаболков оцет

1 лажица мед

½ лажица рендан ѓумбир

Сите состојки потребно е да се измешаат и да се пијат наутро на празен желудник. Овој еликсир го подобрува варењето, го јакне имунитетот, помага во исфрлање на токсините и го регулира метаболизмот.