Утрински напиток за долг живот

Еден од најдобрите и најлесните начини да го започнете денот е топлиот напиток од лимонов сок.

Начин на подготвување и консумирање:

  • загрејте една чаша вода до температура која е пријатна за пиење.
  •  во загреаната вода, додадете една половина или еден цел свежо исцеден лимон (почетниците треба да започнат со помала количина на лимон, додека непцата не се навикнат на киселоста од лимонот).
  •  испијте го напитокот половина час по станувањето, пред да го јадете појадокот

Корист бр. 1: Го зголемува имунитетот

Како припадник на цитрусната група овошја, лимонот изобилува со природен витамин Ц. Но, дали сте знаеле дека витаминот Ц испарува по 20 минути откако ќе се исцеди цитрусното овошје? Затоа, потребно е напитокот да се консумира веднаш по неговата подготовка.

Корист бр. 2: Ја чисти слузта

Како добро познат астрингент, лимоновиот сок навлегува низ ткивата, раздробуваќи го и чистејќи го мукозот, односно слузта. Ова не само што го подобрува дишењето низ носот, но го намалува и утринското кашлање. Освен за респираторниот тракт, лимоновиот сок е полезен и за дигестијата, бидејќи ја чисти насобраната слуз на зидот на желудникот и цревата, а со тоа го подобрува варењето и ресорпцијата на хранливите материи.

Корист бр. 3: Помага во одржувањето на pH

Доколку киселоста на организмост е поголема од нормалните вредности, се јавува индигестија, главоболки, акутен глад, продукција на слуз и друго. Можеби чудно, но киселото овошје, како што е лимонот, ја намалува киселоста.

Корист бр. 4: Ја намалува задршката на вода во организмот

Лимонот делува како природен диуретик, овозможувајќи исфрлање на водата, која ако е насобрана, може да предизвика отоци, менструално или дигестивно дување и слично.

Корист бр. 5: Намалување на телесната тежина

Многу експерти за здрава храна сметаат дека киселата pH на лимоновиот сок може да помогне при намалувањето на телесната тежина. Овој ефект на лимоновиот сок е како кај оцетот од диви јаболка.