Утринска магла, преку ден сончево

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, особено во западните делови и со појава на утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 8, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје, претежно сончево со услови за слаба утринска магла. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 19 степени.

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Во среда, особено во јужните делови, а во петок и сабота на повеќе места ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.