Утринава во пожар целосно изгоре автомобил во Карпош (видео)

Автомобил „тојота корола“ паркиран на улицата Генерал Михајло Апостолски, во скопската населба Карпош 1, изгоре целосно во пожар, рано утринава.

Автомобилот бил на на сопругата на Миле Зечевиќ кој е член на Централниот одбор на СДСМ, пренесе МКД.МК.

Тој  во 2006 година беше директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, а претходно и шеф на кабинетот на Владо Бучковски, кога овој беше министер за одбрана.