Утринава опожарен автомобил во скопско Ново Село

Утринава во 01 часот и 30 минути во Единицата за информации и команда Скопје, било пријавено дека бил запален автомобил.

Од МВР велат дека Т.В. пријавила дека во Ново село, скопско, било опожарено патничко возило „БМВ 525“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.В.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.