Утревечер стартува „Пиволенд“ - еве кој ќе ги забавува скопјани

„Пиволенд“ по пауза од 5 години повторно се враќа пред скопската публика, со програма која ветува добра забава со повеќе од 50 музички артисти, над 100 видови на пиво, два стејџа и новитети кои ќе овозможат уште едно незаборавно издание на Пиволенд.

На овогодинешниот Пиволенд ќе бидат поставени две сцени, „Main stage“и „Craft stage“.

На „Main stage“ќе настапат познатите македонски и балкански музички изведувачи, додека „Craft stage“ ќе биде наменета за љубителите на алтернативната музика и младите талентирани артисти. 

Пиволенд 2022 ќе трае 5 дена. Програмата започнува утре (среда) и ќе трае до 04.09.2022 (недела), а влезот за посетителите ќе биде бесплатен.

Атрактивните сцени за артистите, богатата локална кујна, одличната музичка програма, големиот број на забавни активности ипеtте години пауза алудираат на нови рекорди на посетеност на Пиволенд и испиено пиво, велат организаторите.