Утревечер ќе се слави независноста во Тетово - Голем концерт на Каролина и „Елита 5“

Каролина Гочева и „Елита 5“ утревечер со концерт на тетовскиот плоштад по повод 35 години независност на Македонија.

Утре, 15. септември од 20 часот, а по повод 35 години независност на Македонија, на Градскиот плоштад во Тетово ќе се одржи концерт на Каролина Гочева и „Елита 5“

Настапот на Каролина Гочева почнува во 20:00 часот и ќе трае до 21:30 часот. „Елита 5“ ќе настапи од 21:30 до 23:00 часот.

„Ајде заедно да го наполнеме плоштадот и да ја прославиме независноста онака како што доликува“ повикуваат од организацијата на концертот.