Утре започнува Skopje Wine Expo 2018 - виното и забавата се загарантирани, а влезот е бесплатен

Загрејте ги есенските ноќи со некое од најдобрите вина од регионот. Достапни ќе бидат сите видови на вино – црвено, розе, бело; вина со полно тело, лесни вина, или пак, деликатни мешавини. Ниедно вино не е комплетно без добра закуска. Притоа различна храна, специјалитети и деликатеси кои совршено ќе го комплементираат вашиот избор на вино, ќе ги задоволат вашите сетила за вкус.

На настанот се добредојдени сите љубители на вино, а влезот е бесплатен. Саемот ќе се одржи на Плоштад Македонија на 1.200 квадратни метри покриена површина за гостите и отворено небо пред сцената на која ќе ве забавуваат локални и светски познати ѕвезди.

Повелете и уживајте во музиката на најлегендарниот македонски шоумен Игор Џамбазов, кралицата на македонската рок сцена Дани Димитровска, талентираната поп-рок пејачка Кристина Арнаудова, регионално познатите бендови Фрајле и Ла Банда, и главната ѕвезда на настанот, глобалниот маестро Дуке Бојаџиев.

Она што го прави овој настан вистински саем на вино е присуството на најдобрите енолози од регионот кои ќе бидат достапни за да одговорат на сите ваши прашања во врска со виното, начинот на производство и зреење и останати трикови зад сцените на производниот процес.

Квалитетно вино, вкусни закуски и добра музика.

Се гледаме од 24 - 27 октомври 2018 од 20:00 - 01:00 на Плоштад Македонија.