Утре започнува пријавувањето за иселеничка виза за Америка

Американскиот стејт департмент го означува почетокот на лотаријата за зелени карти - аплицирањето започнува од 3 октомври 2017 година во 12 часот по полноќ, и завршува на 7 ноември 2017 година до 12 часот по полноќ.

Сите оние кои сакаат да аплицираат треба да го пополнат електронскиот формула „DV-19“ во текот на периодот назначен за регистрирање. Кандидатите ќе можат да се пријават на официјалната веб страна www.dvlottery.state.gov, каде има целосни инструкции.

Сите оние кои ќе аплицираат, ќе добијат официјален број за потврда за нивната регистрација, а овој број треба да го имате до 30 септември 2019 година бидејќи преку него ќе можете да проверите дали сте прифатени за програмата „DV-19“.

Оние кои сакаат да се пријават треба да обрнат внимание на следниве работи:

-За пријавување во програмата не се плаќа административна такса.

-Чувајте ја вашата потврдна страница откако ќе завршите со пријавувањето, за да може да го проверите вашиот статус.

-Зачувајте го вашиот единствен број од потврдата најмалку до 30. септември 2018. година. Овој број е единствениот начин преку кој ќе можете да проверите дали сте избрани.

-Мора да се пријавите со нова фотографија, направена во последните шест месеци. Доколку користите стара фотографија, ќе бидете дисквалификувани.

-Може да се пријавите само еднаш.

-Треба да проверите дали сте избрани на 2. мај 2017. година.

-Стејт Департментот нема да Ве контактира преку електронска пошта.

-Доколку добиете електронска пошта која Ви кажува дека сте биле избрани, тоа е измама.

Подетално за тоа како треба да ја пополните апликацијата, инфо ТУКА.

Од 3. октомври 2017 година, за зелена карта ќе можете да аплицирате ТУКА .

Сите учесници ќе можат да проверат дали се извлечени за „зелена карта“ преку „Entrant Status Check“ на веб страницата на програмата после 1 мај 2018 година.

Извлечените кандидати ќе добијат дополнителни информации за интервју. Секој што ќе добие писмо или електронска пошта во која се тврди дека добил лотарија со зелена карта, треба да знае дека станува збор за измама.