За утре е најавено голем музички концерт на македонската легенда Владо Јаневски.
Поп-пејачот ќе има концерт во Скопје по повод 25 години кариера.
Концертот е закажан во Вип Арена „Борис Трајковски“.
Имено, славеничкиот концерт требаше да се одржи лани на 1 јуни на стадионот на АРМ, во организацијата на „Авалон“, но беше одложен заради здравствени причини, а се одржа оној во јули во Охрид, кој помина навистина одлично.
Концертот е во организација на „Прагма продукција“, а влезниците се продаваат по цени од 500 до 1.400 денари.
Популарниот музичар неодамна го објави и својот нов сингл насловен „Откако си негова“.