Утре во скопската Зоолошка ќе се прославува Светскиот ден на пингвините

Од скопската Зоолошка градина соопштија убава вест. На свет дојде бебе пингвинче - прво младенче од овој вид.

Утре, на 25 април, во скопската Зоолошка се прославува Светскиот ден на пингвините - ден за покревање на свеста за овој вид птици и нивна заштита. 

-По тој повод, утре, во 11 часот ве очекуваме пред Заливот на пингвините на едукативен и интерактивен час на отворено, каде што секој посетител ќе може да научи нешто ново за овие птици и ќе биде одлична можност одблиску да ги запознаете пингвините од Скопје ЗОО и четирите бебиња, нивните карактеристики, но и меѓусебните односи и социјализација во групата, велат од ЗОО.