Утре во Скопје ќе бидат засадени 100 нови дрвја.
- Петта година по ред ќе садиме 100 дрва во Скопје за креирање нови зелени оази, дел од регионалната кампања „Дрво на пријателството“. Оваа акција ја имаме оддржано последните 4 години со садење во Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров, со над 400 садници. Оваа година, учествуваат сите Западно Балкански земји, а Скопје повторно води со вкупниот број на засадени садници! - информираше Горјан Јовановски од иницијативата зелен Хуман Град.
Утре ќе се сади во општина Аеродром, ул. Владимир Комаров, со почеток во 10:30 часот.
Поканата е отворена за сите ентузијасти, а потребна опрема е: лопата, ракавици, добро расположение!