Утре во продажба нов и последен бран на билети за Златна бубамара

Организаторот на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ со добра вест за сите оние кои сакаат да бидат дел од истата.

-Почитувани пријатели на добрата забава и чистиот воздух, за сите оние кои не успеаa или не беа информирани за продажбата на билетите  Златна БубаМара на популарноста 2018, ве известуваме  дека во среда  на 31.јануари 2018 година  во он лајн продажба  преку  mktickets.mk   во точно 12:33 минути ќе се пушти во продажба последниот контингент билети, а во исто време  ќе биде отворена и продажбата и во Југотон ГТЦ каде ќе  бидат оставени билети за сите традиционални купувачи, информираат од Буба Мара.